Грците ќе си гледаат СП на ТВ, а Хрватска патува на мундијалот

Фудбалската репрезентација на Хрватска го надополни списокот на патници за Светското првенство во Русија, откако супериорно го доби баражот против Грција. По убедливиот триумф од 4-1 на „Максимир“ во Загреб, вечерва Хрватите одиграа реми без голови на реваншот и сосема заслужено се пласираа на мундијалот. Тие ќе патуваат во Русија на СП, а Грците ќе си гледаат на ТВ екраните.

Избраниците на Златко Далиќ имаа комфорна предност од првиот меч, па реванпот го одиграа рутински. Перишиќ пред крајот на првиот дел погоди статива, а на Грција во завршницата и беше поништен погодок, но Торосидис се најде во офсајд позиција.

Се вчитува...