Грците се бесни на својата полиција: Знаеле и каде ќе спијат хрватските хулигани, но не го спречиле хаосот

Страшните инциденти во Атина и масовната тепачка во која синоќа животот го загуби едно лице се уште се главна вест во регионот. УЕФА го одложи натпреварот меѓу АЕК и Динамо Загреб, а грчката јавност ги анализира случувањата, како и тоа дали хаосот што синоќа владееше во главниот град можел да биде спречен.

Главната вина се насочува кон полицијата, која според Грците морала да биде далеку подобро подготвена и запознаена со случувањата. УЕФА имаше одредено забрана за гостински навивачи, но кога стотици лица со хрватски пасоши ќе влезат во рок од 24 часа, алармот морал да биде „запален“. Дел од грчките медиуми тврдат дека полицијата имала и конкретни информации за сместувањето што било организирано за Хрватите, кои требале да спијат во просториите на фан-клубот на Панатинаикос, како и во апартмани во непосредна близина до клупските простории на ПАО.

Полицијата била информирана за доаѓањето на 150 навивачи од Хрватска, но наместо да го спречи тоа воопшто не реагирала, ниту пак го контролирала нивното движење.

Исто така, полицајците имале информација дека навивачите на АЕК ќе се соберат околу 19 часот пред стадионот, со изговор „делба на сезонските билети“. Во тој период завршил тренингот на Динамо во АЕК, по што дошло до судир меѓу двете навивачки групи, со тоа што Хрватите имале помош од фановите на Панатинаикос за време на тепачката.

Се вчитува...