Грците знаат што им следи: Се откажавме од европски трофеј, за поддршка на фановите

Грчката јавност е пуштена на „најсилно“ за ширење на пропаганда со која АЕК и неговите навивачи ќе бидат прогласени за жртви поради неиграњето на синоќешниот реванш во Скопје против Алкалоид.

Рано утрово со сооштение се јавија и најверните навивачи на АЕК, за кои претходно се тврдеше дека испраќале смртни закани до раководството на клубот и ракометарите, дека не смеат да излезат на теренот во Скопје.

Фановите го пофалија ставот на клубот, но и меѓу редови го најавија она што се очекува да се случи – АЕК да го загуби службено мечот, со тоа и трофејот во ЕХФ Европскиот куп.

„Ракометарите се откажаа од нешто толку важно како европски трофеј, само за да ги поддржат навивачите на АЕК. Со тоа, вие сте веќе победници за нас. Беше испишана историја за нашиот клуб. Нашата одлука „сите или ниеден“, не беше моментна, тоа е став во животот што го живееме“, порачаа фановите на АЕК, пренесуваат грчките медиуми.

На потег сега е ЕХФ, која утре ќе мора да донесе одлука за скандалозниот однос на Грците. Во ситуација кога организацијата беше беспрекорна, службена победа на македонскиот тим, надополнета со жестока казна за АЕК, е единственото правилно решение.

Се вчитува...