Груев: На теренот немаше провокации, а свирежите дополнително ме мотивираа

Играчот од средниот ред на Бугарија, Илија Груев во изјава за бугарските медиуми кажуваше за провокации од трибините во Скопје за време на вчерашниот меч со Македонија.

Груев изјави дека тој и неговите фудбалери не подлегнале на притисокот, и дека свирежите ги мотивирале.

„Мене не ми пречеа исвиркувањата и навредите, туку напротив, многу ме мотивираа“, рече Груев за исвиркувањето на химната.

Играчот на Вердер, сепак, истакна дека немало провокации на теренот.

„На теренот провокации немаше, но тие сакаа да извлечат од нас втор жолт картон, многу паѓаа. Тоа е нормално на ваков меч да сакаат да изнудат црвен картон. Браво на мојата екипа, никој не направи глупост и останавме 11 на теренот“, рече Груев.

Се вчитува...