Грујиќ: Мора дa победиме против Македонија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) во Бидгошч го игра вториот натпревар на Европското првенство во Полска, а противник е селекцијата на Србија. Нашиот северен сосед загуби од Португалија со 2-0 на првиот меч, па, исто како и Македонија, ќе се обиде тоа да го надомести со евентуален триумф на овој натпревар.

Марко Грујиќ, еден од лидерите на младата фудбалска селекција на Србија, вели дека мечот против Македонија е последната шанса за нив да се обидат да стигнат до полуфиналето.

„Не ни останува ништо друго, освен да го заборавиме мечот против Португалците и да се обидеме да ја победиме Македонија. Тоа е последната шанса, ако сакаме да се надеваме на полуфиналето. Секоја селекција што е дел од Европското првенство сигурно поседува квалитет, но верувам дека ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат на денешниот дуел во Бидгошч. Искуството и квалитетот мислам дека се на наша страна“, изјави Марко Грујиќ.

Фото: www.uefa.com

Се вчитува...