Грујиќ за ЕП во Полска: Македонија заслужува максимален респект

Се ближи Европското првенство за фудбалски селекции до 21 година, кое во втората половина на јуни ќе се одржи во Полска. На него ќе учествува и Македонија, а заедно со нашиот национален тим во групата се уште и северниот сосед Србија, како и Шпанија и Португалија.

Еден од најдобрите фудбалери на младата селекција на Србија, фудбалерот за врска на Ливерпул, Марко Грујиќ, има максимален респект за Македонија.

„Ривалите како Шпанија и Португалија секако заслужуваат респект, но верувам дека и тие имаат голем респект за нас. Ние сме селекција која има успеси од две првенства. Македонците исто така не смеме да ги отпишеме. Тие исто заслужуваат максимален респект, затоа што се пласираа на ЕП во Полска од една многу силна група. Очекувам едно добро првенство за нашите фудбалери, очекувам да и покажеме уште еднаш на нашата нација дека сме талентирана генерација“, изјави Марко Грујиќ за српските медиуми.

 

Се вчитува...