Грузијските фудбалери ќе бидат одликувани со „Орден на честа“

Премиерот на Грузија, Иракли Кобахиџе информираше денеска дека фудбалските репрезентативци ќе бидат одлкувани со „Орден на честа“ за пласманот на Европското првенство оваа година.

„Лично, како навивач, 30 години го чекав овој ден. А момците ни ја дадоа најголемата среќа. Овие момци се херои и хероите треба да се ценат. Ова се најчесните луѓе и затоа донесовме мала одлука – нашите фудбалери да бидат одликувани со Орден на честа, сите!“ – напиша Кобахиџе на социјалните мрежи.

Грузија за првпат во својата историја обезбеди настап на Европско фудбалско првенство. Грузијците ќе бидат во група со Португалија, Чешка и Турција, на ЕВРО 2024 кое ќе се одржи во Германија од 14. јуни до 14. јули.

Се вчитува...