Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на македонските тимови на вторите натпревари во второто коло во Лигата на Конференции.
На Вардар на гостувањето во Рига ќе му судат арбитри од Грузија, додека на Шкендија во Скопје, правда ќе делат Унгарци.
Гога Кикачиешвили од Грузија ќе биде главен судија на мечот Рига – Вардар. Помошнци се Давит Акеладиани и Давид Габисонија. Четврти судија Бакари Брегадзе.
Кај Шкендија, пак, Мартон Руш ќе дел правда на мечот против Браво. Балаш Бузас и Герго Виг-Тарсоњи ќе бидат асистенти, додека четврти судија ќе биде Марио Цимерман.
Двата тима ќе мора да бркаат негатива. Вардар загуби на првиот меч од Рига со 3-2, додека Шкендија беше поразена на гостувањето во Љубљана со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
