Грузијците манипулативно ги задоцнија македонските репрезентативци на тренинг, селекторот Милевски жестоко реагираше (ВИДЕО)

ЕКИПА во Тбилиси,

Горан Бошев

Македонската репрезентација во моментов го одработува официјалниот тренинг во Тбилиси пред утрешниот петти натпревар од Лигата на нациите со селекцијата на Грузија.

Меѓутоа на тренингот му претходеше навистина некоректен однос од страна на домаќините. Грузијците, кои како домаќини се задолжени согласно УЕФА за превозот на македонските репрезентативци, манипулативно го задоцнија автобусот со фудбалерите на тренинг, кои прилично закаснија со закажаниот термин, па и времето за тренинг беше значително скратено.

„Се извинувам за доцнењето. Навистина некоректно што нашето патување од хотелот од стадионот тука траеше цели 45 минути. Уште еднаш големо извинување до сите“ – ја стартуваше прес-конференцијата видно револтиран селекторот Благоја Милевски.

Сето тоа и тоа како донесе нескриен револт во стручниот штаб поради што реагираше и селекторот Благоја Милевски кон домаќините. Се очекува и официјална реакција од страна на македонската репрезентација до УЕФА…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...