Гуедеш им го донесе на Португалците трофејот во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Португалија влегува во историјата како прв освојувач на Лигата на нации, новоформираното натпреварување на УЕФА. Гонкало Гуедеш беше стрелец на победничкиот гол во финалето (1-0) против Холандија што се одигра на стадионот „Драгао“ во Порто.

Португалците беа подобар противник, го искористија и домашниот терен, поддршката од фановите, а ја валоризираше Гуедеш со одличен шут од 20 метри во 60.минута од средбата, по асистенцијата на Бернардо Силва.

Португалија во 2016 година ја освои и титулата на Европското првенство во Франција.

Се вчитува...