Вардар приреди уште едно разочарување на своите фанови во Европа сезонава, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ е поразен од тимот на Рига со 2-3. Вардарци можеби не заслужија пораз, меѓутоа на крајот беа казнети за неискористените шанси, особено во вториот дел.
Тренерот на Рига, Адриан Гула по мечот ги сумираше впечатоците…
„Ова беше важна победа за нас. Почнаме добро, но потоа лошо реагиравме и примивме гол. Успеавме да се разбудиме да поведеме. Во миговите кога бевме подобри, примивме гол за 2-2, а потоа во финишот стигна и тој победнички гол за победа. Ова е само прво полувреме, одиме на реваншот исто на победа. Ги анализравме добро, но реакцијата на нашата играчи беше добра. Вардар е добар тим, знаевме дека се опасни по нафрлени топка и работевме добро. Видовме дека Вардар имаше добар резултат во Финска, и мораме да внимаваме да не ја повториме таа грешка“, изјави Гула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
