Гула: Вардар е непредвидлив и опасен противник

Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар утре ќе и гостува на летонска Рига во реванш натпреварот од 2. квалификациско коло во најслабото по ранг европско натпреварување, Конференциската лига на УЕФА.

Тренерот на Летонците Адриан Гула на денешната официјална прес-конференција говореше за утрешниот натпревар…

„Гледаме кон мечот затоа што играме дома на нашиот стадион. Се надевам дека ќе добиеме поддршка. Првиот меч беше прво полувреме, тоа беше важна победа, но ништо не е готово. Важно ми е да видам тимот да биде фокусиран кон победата, затоа што сакаме да оставиме добра слика во Конференциската лига. Го почитуваме ова натпреварување, иако сакавме да играме ЛШ. Сепак, сакаме да сме на ниво, да покажеме добар квалитет, затоа што секој меч во Европа мора да покажуваш игра на ниво. Го знаеме противникот, ќе го имаме целиот тим на располагање. Вардар е шампион на Македонија, го гледавме мечот и направивме анализа. Имаме сега подобра слика за Вардар. Се работи за опасен тим, знае да биде непредвивлив, го видовме тоа и во нашиот меч, но и нивните први мечеви во КуПС. Дома загубија 0-2, на гости победија 0-2 и играа продолженија. Мора да сме силни во Сконто, затоа што играме дома. Се надевам дека тоа ќе биде нашата предност, односно фановите, тимскиот дух и нашиот квалитет ќе се покажат на виделина. Сакаме промоција во следната рунда.“, изјави Гула.

Се вчитува...