Ѓуроски: Беше тешко со скратен ростер, но покажавме карактер

Стојан Ѓуроски беше највозрасен во македонскиот табор на денешното гостување против Луксембург, на кое нашата национална селекција славеше рутински и со перфектни 6-0 ги заврши овие први претквалификации.

Искусниот крилен кошаркар даде значаен придонес, а по натпреварот не го криеше задоволството од новвиот позитивен резултат за „црвено-жолтите“.

„Тежок натпревар за нас, без неколку играчи и со скратен ростер. Мило ми е што покажавме карактер и влеговме максимално во натпреварот, без разлика што за нас немаше резултатско значење. Многу е тешко да се победат шест од шест натпревари во едни квалификации, што го покажува и фактот дека ние сме единствената репрезентација без пораз. Битно е што некои играчи добија шанса поради отсуството на други поединци и максимално ја искористија таа можност. Со тоа покажаа дека иднината на македонската кошарка е светла“, изјави Ѓуроски.

Македонија ја заврши првата фаза од претквалификациите како убедливо првопласирана во групата „А“, со максимален учинок од шест победи, и со голем оптимизам ќе го очекува стартот на втората рунда од квалификацискиот циклус, која започнува на 27 август.

Се вчитува...