Ѓуроски и Хуеска го освоија и Билбао

Стојан Ѓуроски продолжува со одлични игри на стартот од својата шпанска авантура, откако македонскиот репрезентативец експресно се наметна како еден од лидерите на Хуеска. Овој клуб лани едвај избори опстанок, а сезонава по четири кола се наоѓа на чекор до врвот откако вечерва ја забележа и третата победа, и тоа на тешкото гостување во Билбао со 69-76.

Тимот на Билбао влезе во овој натпревар со перфектни 3-0, но немаше одговор за расположениот Ѓуроски, чии удари од далечина повторно им создаваа проблеми на противниците. Хуеска беше подобра во клучните моменти, добивајќи ја последната четвртина со 12-20 за конечен триумф.

Македонецот постигна 12 поени (3/6 за тројка, 1/2 за два поени, 1/2 од слободни фрлања), со што беше најефикасен во својот тим.

Се вчитува...