Ѓуроски: Македонија секогаш оди на победа, без разлика кој е на спротивната страна

Кошаркарот на Работнички, Стојан Ѓуроски се врати во репрезентацијата на Македонија откако по оправдани причини ги пропушти претквалификациите за Светското првенство.

Искусното крило ќе биде дел од натпреварите против Азербејџан и Ирка на кои како што вели целта ќе биде само победа.

„Задоволство е и гордост да се претставува Македонија. Не настапив на последните мечеви заради повреда, и убаво е што пак сме заедно. Мислам дека ни следи одлична атмосфера, да ги анализираме противниците и да се спремиме за следните два меча. Уште ги немаме гледано ривалите, но ние одиме на победа без разлика кој е на другата страна. Имаме три дена подготовки, но за сите е исто. Имаме неколку повратници во екипата, сме играле и со Вајли заедно, така што нема да имаме проблеми да се воиграме“, вели Ѓуроски.

Се вчитува...