Ѓуроски најефикасен, но Хуеска „падна“ против Паленсија

Стојан Ѓуроски продолжува со одличните настапи во дресот на Хуеска, иако неговиот тим не успеа да ја продолжи победничката серија и на денешното гостување против Паленсија. Екипата на македонскиот репрезентативец има за што да жали ако се знае дека загуби со само еден поен разлика (77-76), а згора на тоа имаше и шут за победа што не успеа да го реализира.

Ѓуроски беше најефикасен во таборот на Хуеска реализирајќи 21 поен, надополнети со по три скока и асистенции, како доказ за одличната форма во која се наоѓа нашиот интернационалец на стартот од оваа интернационална авантура.

 Хуеска со овој пораз падна на третата позиција на табелата, со само една победа помалку од лидерите Љеида и Паленсија.

Се вчитува...