Ѓуроски одличен: За малку дабл-дабл во новиот триумф на Хуеска

Стојан Ѓуроски експресно се наметна како лидер на тимот на Хуеска, предводејќи го до нова победа, овојпат на домашен терен против екипата на Рио Оуренсе со резултат 79-74.

Македонскиот репрезентативец ја презеде одговорноста во првото полувреме од натпреварот, кога беше незапирлив за гостите и реализираше 16 поени. На крајот на Ѓуроски му недостигаше само еден скок за дабл-дабл (18 поени, 9 скок и две асистенции), бројки со кој Македонецот беше најзаслужен за новиот триумф.

Хуеска се наоѓа на третото место на табелата со скор од пет победи и два порази, еден триумф помалку од водечките Леида и Паленсија.

Се вчитува...