Густата магла е причина за несреќата – хеликоптерот се удрил во планина

Полициската истрага е во тек, но според првичните информации што доаѓаат од САД, густата магла е причината за страшната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби Коби Брајант.

„Времето во Лос Анџелес во неделата беше исклучително магловито, па дури и воздушната поддршка за полицијата беше приземјена. Според податоците оа контролата за летање, хеликоптерот на Коби се соочил со првите проблеми над зоолошката градина во Лос Анџелес. Тој кружел најмалку шест пати, најверојатно чекајќи маглата да се расчисти. Пилотот потоа ја контактирал контролната кула на аеродромот Бурбанк, по што се упатил најпрвин на север, а потоа свртел кон запад.

Во 9.40 часот маглата станала уште погуста, а пилотот свртел кон југ, што е клучно бидејќи го насочил хеликоптерот кон реон со планини. Тој го искачил леталото од 1.200 на 2.000 стапки височина, но само пет минути подоцна се удрил во планина, на височина од 1.700 стапки“, се вели во извештајот до кој дојдоа американските медиуми.

Се вчитува...