Гут-Бехрами со победа во Солде до нова титула во супер-џи

Швајцарската скијачка Лара Гут Бехрами стигна до малиот кристален глобус во супервелеслалом во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање откако триумфираше на последната трка во оваа дисциплина во андорскиот Солде.

Швајцарката до победата стигна со време од 1:26.70 што беше за 22 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Италијанка Федерика Брињоне. Подиумот го надополни Норвежанката Рагнил Мовинкел со заостанување од 47 стотинки зад времето на победничката.

За Лара Гут ова е четврти мал кристален глобус во супер-џи. Претходно големиот кристален глобус го осигура неверојатната Американка, Микаела Шифрин. Утре на програмата во Солде е тимскиот паралел слалом.

Се вчитува...