Гвардиола: Ако Агуеро оди во Челси, нека му е со среќа…

Пеп Гвардиола изјави дека никој во Манчестер Сити не треба да му биде лут на Серхио Агуеро доколку Аргентинецот реши по заминувањето од клубот да остане во Премиер-лигата. Сити не му понуди нов договор на најдобриот голгетер во клупската историја и тој летово како слободен играч ќе си замине од Манчестер. Иако во прв момент се шпекулираше со трансфер во Барселона, последните информации велат дека Челси е голем фаворит во трката за потпис на Аргентинецот.

За дел од фановите ваквиот потег би претставувал „предавство“, но Гвардиола е дециден дека сите во клубот треба да ја поддржат одлуката на Агуеро, без разлика каде тој ќе реши да ја продолжи својата кариера.

„Сите што сме овде, од срце му посакуваме се најдобро на Агуеро. Ако тој реши да оди во Челси, нека му е со среќа. Ќе ни биде мило за него, без разлика каде ќе заврши. Можам да кажам дека Серхио може да одигра уште неколку одлични сезони, само треба да го избере вистинскиот клуб за тоа. Ние нема да се мешаме, на било кој начин да влијаеме на изборот, она што е најдобро за него е најдобро и за нас“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...