„Гвардиола ги гуши играчите, тоа не се случува со тимовите на Клоп и Анчелоти“

Пеп Гвардиола е на мета на критичарите по испаѓањето на Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите. Иако „Граѓаните“ го контролираа натпреварот до 90. минута и првиот гол за Реал Мадрид, по мадридскиот удар и „магијата“ на Сантијаго Бернабеу, фудбалерите на Сити изгледаа незамислено на теренот.

Гостите очајно се обидуваа да стигнат до вториот гол во продолжението, но не успеаја. Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дитмар Хаман по мечот упати жестоки критики кон Гвардиола.

„Ако им дадете одговорност на играчите, тие ќе се однесуваат одговорно. Ако се обидете да играте игра со нив, тогаш нема. Гвардиола ги гуши тимовите и играчите при носењето на сопствените одлуки. Споредете го тоа со тимовите на Анчелоти и Клоп. Никогаш не сум видел беспомошен тим како Сити во последните 15 минути. Обично добивате уште една шанса, но тие не“, напиша Хаман на Твитер.

 

Се вчитува...