Гвардиола ги шокираше новинарите: Добро ме слушнавте, ќе победиме 18-0!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола пред утрешниот заостанат меч со Саутемптон во Премиерлигата одговори со иронија на прашањето дали му паѓа на памет оној дебакл кој нив им го приреди Манчестер јунајтед.

Манчестер јунајтед не така одамна со 9-0 го победи Саутемптон…, а Пеп на сето тоа одговори.

„Ние ќе победиме со 18-0. Тоа ќе биде резултатот од натпреварот. Да, добро слушнавте, ќе победиме со 18-0“ – рече Гвардиола, за да сепак потоа во еден поинаков тон испрати пофални зборови за Саутемптон.

Сити и натаму има 11 бода повеќе од Јунајтед и се поблиску е до освојување нова титула.

Се вчитува...