Гвардиола го купува Дени Роуз со помош на Мурињо

Пеп Гвардиола прво што ќе направи во летниот преоден рок е да ја обнови дефанзивната линија, а најмногу време и средства планира да потроши за лев и десен бек. За првиот потенцијален трансфер, Гвардиола ќе има неочекувана помош од стратегот на градскиот ривал, Жозе Мурињо.

Лук Шо го загуби местото во тимот на Јунајтед, најверојатно летово ќе ги напушти „ѓаволите“ во потрага по поголема минутажа, а тоа му го нуди Тотенхем. Покетино е свесен дека може да го загуби Дени Роуз летово, кој инаку игра фантастична сезона, а Лук Шо би бил соодветна замена. Роуз најверојатно ќе се сели во Сити и тоа за вртоглави 50 милиони фунти.

Вака сите клубови го добиваат она што го сакаат, со тоа што Јунајтед има други мети за таа позиција, а средствата од Шо најверојатно ќе бидат потрошени на Хосе Гаја од Валенсија. Што значи дека доколку Тотенхем го купи Шо, Роуз се сели на „Етихад“, а Гвардиола прво што ќе треба да направи е да му се заблагодари на Мурињо.

Се вчитува...