Гвардиола: Халанд е феномен, но нема да дадеме 100 милиони

Манчестер Сити во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите вечерва од 21 часот ќе се сретне со Борусија Дортмунд. Тоа ќе биде можност за „граѓаните“ лично да ги видат способностите на Ерлинг Халанд, кој многумина го гледаат како замена за Серхио Агуеро, кој го напушта Сити на крајот од сезоната.

Од доаѓањето во Дортмунд, Ерлинг Халанд привлече внимание на многу големи клубови, а головите кои ги постигнува на редовно ниво само ги разгоруваат новинарските стории за неговиот трансфер. Сите клубови скоро го сакаат младиот Норвежанец, а сега Халанде на мета на Манчестер Сити, кој на крајот од сезоната ќе остане без Серхио Агуеро, чиј договор истекува.

„Засега, клубот одлучи да не потроши 100 милиони фунти на еден играч. Фудбалот е тимска игра, секој придонесува. Не само еден фудбалер“, изјави Пеп Гвардиола за шпекулациите дека Халанд ќе дојде во Сити.

Норвежанецот постигна 39 гола за Дортмунд и репрезентацијата на неговата земја, а во Лигата на шампионите постигна 10 гола на шест натпревари.

„Фактот што не потрошивме многу пари на еден играч ни дава предност. Единствено што можам да кажам е дека на негова возраст, Халанд е феномен и исклучителен напаѓач. Можеби во иднина ќе потрошиме 100 милиони на еден играч доколку управата одлучи дека е потребно клубот да напредува во следните пет или десет години. Но, сега клубот, организацијата, извршниот директор, спортскиот директор велат дека не сакаат и затоа не го сторија тоа“, додаде Каталонецот.

Дортмунд наводно чека најмалку 150 милиони евра за Халанд, а Барселона и Реал се клубови кои секогаш се споменуваат како новата адреса на овој фудбалер. Најскапиот играч што Сити го донесе беше Родри од Атлетико, кој беше платен над 60 милиони фунти летото 2019 година.

Се вчитува...