Гвардиола: Имам договор со Сити, не одам во Јувентус

Пеп Гвардиола планира да го испочитува договорот со Манчестер Сити со важност до 2021 година, дефинитивно затворајќи ја вратата за летна преселба на клупата на Јувентус. Дел од италијанските медиуми објавија дека Гвардиола веќе се договорил за четиригодишна соработка со „старата дама“, но каталонскиот стручњак по триумфот на Сити над Ватфорд вечерва ги демантираше тие гласини.

„Свесен сум за тоа што се пишува, но вистината е поинаква. Имам уште две години од договорот со Сити и нема да си заминам одовде освен ако не ме отпуштат. Мојата желба е да останам до 2021 година, можеби и подолго, така што сигурно нема да заминам во Јуве во наредните две сезони“ – изјави Гвардиола.

Зинедин Зидан е еден од најсериозните кандидати за тренер на Јуве за наредната сезона, а како опција се споменува и поранешниот стратег на „старата дама“, Антонио Конте.

Се вчитува...