Гвардиола: Ќе смислам нова тактика, против Атлетико ќе играме со 12 фудбалери

Манчестер сити покрај битка што ја води со Ливерпул во Премиерлигата за титулата, паралелно се бори и за освојување на Лигата на шампиони (ЛШ).

Премиерлигашот утре ќе го пречека Атлетико Мадрид во првиот меч од четвртфиналето во ЛШ, а тренерот Пеп Гвардиола одржа прес-конференција.

„Секогаш посветувам многу внимание на тактиката. За утре имам нова тактика, вечерва ќе размислам повторно и ќе играме со 12 фудбалери. Би било здодевно кога секогаш би играле на ист начин“, вели Гвардиола.

Мечот меѓу Сити и Атлетико е закажан за 21 часот, а подобриот од овие екипи во полуфинале ќе се соочи против победникот од двомечот меѓу Реал Мадрид и Челси.

Се вчитува...