Гвардиола ќе стане најплатен тренер во светот: Договор до 2020 и 20 милиони фунти годишна плата!

Манчестер сити загуби од Јунајтед во градското дерби, но е на чекор до освојување на шампионската титула во Англија. Малку поголеми проблеми „граѓаните“ ќе имаат да ја надоместат големата негатива (0-3) против Ливерпул по првиот четвртфинален натпревар во ЛШ, но надежта постои. И покрај тоа, раководството на Манчестер сити е максимално задоволна од работата и од остварените резултати на Пеп Гвардиола и сака да го задржи на клупата најмалку уште две сезони.

Клубот од „Етихад“ е подготвен да го направи Гвардиола најплатен фудбалски тренер во светот. Ќе му понуди договор до 2020 година, според кој Шпанецот би заработувал 20 милиони фунти годишно. Ова е понуда која не се одбива…

Се вчитува...