Гвардиола крева раце од Хари Кејн, Сити тргнува во офанзива по Гризман

Хари Кејн беше примарна цел за засилување на нападот на Манчестер Сити во изминатите два месеци, но Пеп Гвардиола повеќе не се надева дека ќе успее да го доведе асот на Тотенхем, па реши вниманието да го насочи кон ангажманот на Антоан Гризман.

Кејн веќе побарал трансфер од управата на лондонскиот клуб, но претседателот Леви важи за исклучително тежок преговарач. Првата понуда од 100 милиони фунти беше одбиена истиот ден, а „граѓаните“ не веруваат дека ќе успеат да постигнат договор и доколку ја кренат сумата на 150 милиони фунти. Тотенхем ќе се обиде да го убеди Кејн да остане уште најмалку една сезона, а во една таква ситуација Гвардиола не планира да чека до крајот на преодниот рок, барајќи од управата на клубот што поскоро да му донесе нов голгетер по заминувањето на Серхио Агуеро.

Изборот е паднат врз Антоан Гризман, кој стана прекуброен во нападот на Барселона по доаѓањето на Агуеро и на Мемфис Депај на „Камп Ноу“. Французинот никогаш не профункционира во тандем со Лионел Меси, тренерот Куман го оставаше на клупата за резерви на клучните средби минатата сезона, па Барса би била расположена за продажба доколку пристигне интересна понуда. Каталонците платија 120 милиони за да го доведат Гризман во 2019 година од Атлетико Мадрид, но сега се надеваат на 80 милиони евра како сума за која би го продале 30-годишниот голгетер.

Се вчитува...