Гвардиола: На Сане му е потребно време…

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, вели дека на Лирој Сане му е „потребно време“ да гo реализира својот потенцијал. Младиот Германец минатото лето дојде во Сити од Шалке за 42 милиони евра, но неочекувано лошо почна на Островот, не постигнувајќи ниту еден гол во своите први 12 натпревари. Но, потоа дојдоа и головите…

„Му треба време. Англиските играчи како Стерлинг и Стоунс многу му помогнаа да се вклопи во тимот. Добро игра, но постојано му покажуваме некои снимки од натпреварите на кои му укажуваме дека некои работи не ги прави добро, што значи дека може да се поправи“ – вели Гвардиола, дополнувајќи дека сето тоа е нормално.

„Не можеме од еден 21-годишен фудбалер да веруваме дека завршил со својот развој. Тој се уште не ги одиграл сите 90 минути на еден меч. Но, сигурен сум дека во иднина ќе биде многу подобар“.

Манчестер сити вечерва од 21 часот игра против Стоук во Премиер – лигата.

Се вчитува...