Гвардиола направи преседан, за првпат во тренерската кариера

Пеп Гвардиола заедно со Јирген Клоп е еден од најгласните во барањата за промена на правилата во Премиер-лигата и зголемување на бројот на дозволени замени од три на пет.

Токму затоа, изненадувачки делуваше неговиот потег денеска, на дуелот против Фулам да не направи ниту една единствена измена. Ова е првпат во богатата тренерска кариера на Пеп тој да не замени ниту еден фудбалер за 90 минути игра од натпревар на негов тим.

Сити уште на самиот почеток поведе со 2-0, рутински го контролираше резултатот и можеше да одмори дел од стартерите, но сепак реши мечот да го заврши со истите единаесетмина со кои го почна: Едерсон, Кансело, Менди, Стоунс, Дијаз, Гундоган, Родри, Де Бруине, Стерлинг, Марез и Хесус.

Се вчитува...