Гвардиола пред дуелот со „кралевите“: Реал не е среќен, туку квалитетен тим!

Одбраната на Манчестер Сити ќе биде на посебен тест во вторник, кога за противник ќе го имаат незгодниот Реал Мадрид во рамки на полуфиналето од Лигата на шампионите.

Откако Реал го елиминираше најскапоцениот тим на светот (ПСЖ) и бранителот на турнирот (Челси), шпанскиот гигант стекна голема почит во јавноста, поради што Пеп Гвардиола повика на гола претпазливост за следниот ривал.

„Реал нема нималку среќа, напротив поседува неверојатно голем квалитет. Ми се допаѓа играта на овој Реал под водство на Крало Анчелоти.

Гвардиола истакна дека на своите играчи им кажал да уживаат на овој натпревар, бидејќи се наоѓаат во фаза од ЛШ во која тешко се доаѓа.

„Факт е дека Реал често беше во оваа фаза од натпреварувањето. Отсекогаш сум велел дека две години по ред е тешко да се стигне до полуфинале во Лигата на шампионите, но тие веќе во неколку наварати успеаја. Многу големи екипи не дојдоа овде, еден ден нема да бидеме и ние тука, што значи дека Лигата на шампионите бара и треба да бидете постојано на високо ниво. Затоа им реков на играчите да уживаат во овој момент, од тренинг до игра, бидејќи не знаеме дали повторно ќе бидеме во слична ситуација. Уживајте и бидете она што отсекогаш сте биле, без разлика дали е добро или лошо“, потенцираше Пеп.

Натпреварот меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид е закажан за утре со почеток од 21. часот.

Се вчитува...