Гвардиола се пожали: Имам премногу фудбалери, некои ќе мора да си заминат

Пеп Гвардиола имаше причина за задоволство по изданието на Манчестер Сити на првиот овосезонски меч и убедливата победа од 0-4 на гостувањето против Вулверхемптон, но трофејниот стручњак по мечот се пожали на нешто неочекувано – премногу фудбалери во својот тим.

Пеп пазареше интензивно во текот на јануарскиот преоден рок, Сити повторно беше активен и летово, па Гвардиола сега има и повеќе фудбалери од што му се потребни.

„Не станува збор само за тоа дали игра Едерсон, денеска ги немавме ниту Родри, Фоден, Ковачиќ, Савињо и Гвардиол поради повреди. А на клупата морав да ги оставам Аке и Гундоган. Секој тренер сака да има голема екипа, но ова е премногу, не сакам да се доведувам во ситуација да оставам играчи дома, да не бидат ниту на клупата за резерви. Тоа не е здраво, не може да се создаде позитивна атмосфера. Проблемот не е нов, во клубот го знаат од претходно, но ситуацијата е таква каква што е“, изјави Гвардиола.

Сити го пушти Грилиш на позајмица во Евертон, а синоќа го продаде и младиот МекАти во Нотингем Форест за 30 милиоин фунти. Голманот Едерсон е блиску до Галатасарај, а лесно може да се случи да си замине и Савињо, кој е високо на листата со желби на Тотенхем.

Се вчитува...