Гвардиола: Сите на улица, сопрете го геноцидот во Палестина

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги повика луѓето масовно да излезат на улиците на Барселона денеска за да побараат крај на војната во Палестина.

Познатиот стратег ги нарече воените акции на Израел во Газа геноцид.

„Сведоци сме на геноцид, каде што беа убиени илјадници луѓе и деца. Газа е опустошена, а многу луѓе живеат без покрив над главата, храна, вода и лекови. Само граѓанското општество може да ги спаси луѓето и да изврши притисок врз владите на земјите да преземат итни мерки. Денеска напладне, бидете на улиците на Барселона, каде што ќе бараме итен крај на геноцидот“, изјави Гвардиола. 

Се вчитува...