Манчестер Сити загуби нови бодови во трката за титулата по ремито со Кристал Палас, а еден од виновниците за ваквиот исход сигурно е Пеп Гвардиола. Трофејниот стручњак реши да не направи ниту една замена во тимот, па Сити го заврши мечот со истите единаесетмина со кои го почна, оставајќи ги на клупата Стерлинг, Жезус и Гундоган во периодот кога мораше да се постигне гол.
Очекувано, Гвардиола остана цврст на ставот дека селекцијата била добра, но како фактор за непосакуваниот резултат ја наведе – тревата на стадионот.
„Палас одигра одличен меч, а јас немам што да им замерам на моите фудбалери. Имавме доминација, создадовме шанси, но фудбалот е таков спорт во кој што надмоќта во статистичките категории не значи ништо ако не постигнете гол. Тревата не беше добра за игра, но ние и покрај тоа одигравме квалитетен меч. За жал, не беше доволно за триумф, но има уште многу да се игра до крајот на сезонава во трката за титулата“, истакна Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА