Хабиб се враќа во октагонот, објавен датумот и следниот ривал

Хабиб Нурмагомедов ќе се врати на УФЦ-пресметките неколку месеци по смртта на неговиот татко, потврди денеска првиот човек на УФЦ, Дена Вајт. Хабиб е шампион во лесна категорија, досега нема пораз во кариерата, но се шпекулираше дека би можел да означи крај на кариерата откако неговиот татко Абдулманап почина на 57-годишна возраст губејќи ја битката со коронавирусот.

Сепак, тој реши да се врати на спортот во кој доминира во изминатите години, прифаќајќи го предизвикот да влезе во октагонот со Џастин Гејтџи, борба закажана за 24 октоври.

Ова е тежок период за него. Неговиот татко му беше херој, беа многу блиски и смртта на Абдулманап силно го погоди Хабиб. Сепак, тој реши да продолжи со кариерата. Уште сега ви велам – борбата на 24 октомври Нурмагомедов – Гејтџи сигурно ќе се одржи“, истакна Дејна Вајт.

Се вчитува...