Хаџи: Не бевме внимателни во последните 15 минути

Во првиот натпревар на квалификациите за СП 2022 година, Македонија беше поразена во Романија со 3-2. Избраниците на Ангеловски успеаја да надокнадат негатива од 2-0 со головите на Адеми и Трајковски во 82. и 83. минута од мечот, но кобна за нашата репрезентација беше погодокот на Хаџи во 86. минута од средбата.

По натпреварот Јанси Хаџи не го криеше задоволството за одлучувачкиот момент, а кривицата за двата гола на Македонија ја најде во целиот состав.

„Во последните 15 минути како тим не бевме внимателни. Тешко е да се браните кога има толку многу простор на 16 метри, нормално е да примите гол. Тоа е грешка на целиот тим, а не на поединци. Среќен сум што успеав да го постигнам победничкиот гол и успеавме да започнеме со победа. Ова е само првиот меч од квалификациите, навистина сакаме да се пласираме на Светското првенство. Не е битно кој ќе постигне погодок. Имаме уште девет натпревари, но мислам дека го имаме вистинскиот менталитет“ – изјави Хаџи по средбата.

 

Се вчитува...