Хаџи: Нè очекува тешко гостување во Скопје, но одиме на победа против Македонија

Фудбалскиот реперезентативец на Романија, Јанис Хаџи најавува победа на гостувањето во Македонија во рамки од шестото коло од мундијалските квалификации. Во последните натпревари, Романија ги победи Лихтенштајн и Исланд, па со висока самодоверба ќе пристигне во Скопје.

Одличниот напаѓач на Романија изјави дека само три бода се во мислите на неговата репрезентација.

„Одиме во Македонија за да победиме. Трите бода се во нашите мисли. Ќе биде комплицирано, се работи за тешко гостување на лош терен, но мора да победиме“, вели 22-годишникот.

За потсетување, на првата средба со нашата репрезентација, токму Хаџи го постигна победничкиот погодок во 86. минута, неколку моменти по израмнувачкиот погодок на Александар Трајковски.

Инаку, двобојот меѓу Македонија и Романија е закажан за в среда со почеток од 20:45 часот.

Се вчитува...