Фудбалската репрезентација на Македонија со натпревар на гости против Романија ќе ги отвори квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Првата ѕвезда на Романците, Јанис Хаџи, вели дека нијанси ќе го одлучат победникот на овој меч.
„Сите репрезентации имаат свои желби во квалификациите. Не очекува првиот натпревар против Македонија која е учесник на Европското првенство. Во нашата група ќе одлучуваат нијанси. Наше е да се обидеме да победиме и ќе сториме се да оствариме триумф. Подготвени сме за предизвикот и веруваме во победа“, изјави Хаџи.
Натпреварот меѓу Романија и Македонија ќе се игра утре на националната арена во Букурешт со почеток во 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА