Хаџиевски доби изненадување во Варна: „Идентитетот нема да ви го бараме, ама Ѓоко не го даваме!“ (ФОТО)

Вистинска еуфорија вчера на навивачите на Спартак Варна по убедливата победа над Локомотива Софија и изборениот опстанок во најсилната лига на Бугарија.

А, за сето тоа најзаслужни секако македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски, но и неговиот внук, младиот македонски офанзивец Георг Стојановски кој со хет-трик го донесе опстанокот за Спартак Варна.

Па, по мечот Хаџиевски  доби навистина пријатно изненадување од најверните фанови на Спартак Варна кои отворено, и преку интересен транспарент, го изнесоа својот став дека и следната сезона на клупата на нивниот тим единствено го посакуваат поранешниот македонски селектор.

„Нема да ви го бараме идентитетот, но Ѓоко е еден од нас“ – порачаа навивачите на Спартак Варна, низ духовите порака до македонскиот стратег.

Хаџиевски, пак, по мечот не го креше задоволството од опстанокот во лигата, и покрај тоа што многумина сезонава однапред го гледаа Спартак Варна меѓу испаднатите.

„Беше навистина прекрасно од првиот ден тука па до денес. Никогаш нема заборавам такво нешто. Срцето ми е полно. Господ не погледна и заслуживме да останеме во елитата. Беше навистина тешко. Имаше многумина кои не веруваа во нас, но фановите имаат голема заслуга за ова со поддршката во текот на целата сезона“ – рече Хаџиевски.

Се вчитува...