Само неколку дена по разделбата со бугарскиот прволигаш Спартак Варна, искусниот македонски стратег синоќа пристигна во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) каде веднаш ја започнува својата нова тренерска мисија. Станува збор за нисколигашки амбициозен клуб кој верува дека токму со огромното знаење и авторитет на Хаџиевски ќе ги оствари посакуваните резултати на долг рок.
За поранешниот македонски селектор ова е добро позната средина бидејќи во арапскиот свет веќе има изградено реноме водејќи ги клубовите како Наџран, Ал Тавон, Ал Кадсиа, Хата, Ал Џафра, Емирејтс и Хаџер. Егзотичниот предизвик со Ал Мединах ќе биде вкупно 34. тренерски ангажман во неговата богата и долговечна кариера, во која остави длабок печат враќајќи се во повеќе наврати и во домашните гиганти Вардар и Пелистер.
Паралелно со него, трансфер во оваа земја реализира и неговиот внук, младиот напаѓач Георг Стојановски. Тој исто така го напушти тимот на Спартак Варна и во моментов ги извршува финалните лекарски прегледи пред да стави потпис на договорот со новиот емиратски прволигаш Лусиал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
