Хаџиевски заминува од Беласица

Македонскиот прволигаш Беласица останува без Ѓоко Хаџиевски како шеф на стручниот штаб. По двете ремија во низа, поранешниот селектор во заеднички договор со раководството на клубот, одлучи да замине.

„Мислам дека после овие два натпревари во кои не успеавме да победиме, не можам повеќе да придонесам за целите на Беласица во оваа сезона. Затоа во договор со сопственикот решив да се повлечам од тренерската позиција и комплетно од клубот. Беласица се уште има реални шанси за да обезбеди опстанок, можеби оваа промена ќе придонесе тимот малку да се размрда во позитивна насока“, изјави за ЕКИПА, Ѓоко Хаџиевски.

Тој дојде како спортски директор во клубот, но потоа седна на клупата како шеф на стручниот штаб.

По 28 одиграни кола, Беласица се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со 24 бода, четири помалку од Силекс, кој се наоѓа на местото кое носи бараж за опстанок во елитата.

Се вчитува...