Хајди Локе му се врати на ракометот

Хајди Локе е подготвена за камбек на ракометните терени, а извонредната норвешка репрезентативка го избра и својот нов клуб – Ларвик. Иако има 35 години, Локе не планира да му каже збогум на овој спорт, па од неколкуте понуди ја избра онаа од клубот за кој настапуваше од 2000 до 2002, па и потоа од 2008 до 2011 година. Потоа таа со голем успех го носеше дресот на Ѓер, за привремено да ја прекине кариерата од семејни причини.

„Ларвик е клуб кој ми има дадено толку многу, среќна сум што се враќам и што ќе останам овде до крајот на кариерата. Убаво е чувството дека се враќам дома“ – изјави Локе за норвешките медиуми.

Ларвик и оваа сезона се натпреварува во Лигата на шампионатите, а изминатиот викенд норвешкиот првак приреди големо изненадување со победата над Будуќност од 23-22.

Се вчитува...