Хајдук им одржа лекција на Велковски и Ријека (ВИДЕО)

Хајдук славеше со убедливи 0-3 на гостувањето кај Ријека во натпревар од 34. коло во Хрватската прва лига и со тоа остана во борба за титулата. Сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме.

Ливаја во 13. минута од пенал донесе водство од 0-1 за гостите. На 0-2 зголеми истиот фудбалер во 37. минута, додека конечните 0-3 ги постави Микановиќ во 41. минута. За издвојување е и директниот црвен картон кој го доби Дрмиќ во 56. минута.

Дарко Велковски стартуваше на овој натпревар за Ријека и ги одигра сите 90 минути. Од друга страна Јани Атанасов не беше во составот на Хајдук.

 

Се вчитува...