Хајдук поразен во „пеколот“ во Солун, Тричковски испадна од Макаби, прекин во Марибор

Сплитски Хајдук доживеа уште едно европски разочарување, откако испадна од солунски ПАОК во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции. Вечерва во Солун, Хајдук загуби со 3-0 и се збогуваше од Европа.

После битката без голови на „Пољуд“, за ПАОК головите и постигнаа Шваб во првиот, и Живковиќ двапати во вториот дел за целосен „бродолом“ на сплитскиот тим, кој приреди уште една елиминација од европските купови уште во раната фаза, овојпат немајќи и среќа да падне со полесен противник.

Од Европа испадна и АЕК Ларнака на Иван Тричковски, по поразот од Макаби Тел Авив на реваншот со 1-0. Тричковски не беше стартер на мечот, откако промаши пенал во првиот меч, а влезе во игра во последните мигови од дуелот.

Во Марибор има прекин на дуелот со Фенербахче, при водство на турскиот тим од 0-1, откако гостинската публика направи инцидент и сега реагира полицијата да ја исчисти трибината.

Во следната фаза оди и Партизани Тирана на Давид Атанаскоски и Сабит Билали. На реваншот Партизани ја совлада Валмиера од Летонија со 1-0, и со вкупни 3-1 се пласираше во плеј-офот.

Во следната фаза е и Јован Манев кој загуби на гостувањето кај Осијек во 3-2, но оди понатаму со вкупни 4-7. Манев на реваншот не доби шанса за настап, откако го одигра цел меч во првата пресметка.

 

Се вчитува...