Прославениот португалски фудбалер Хуго Алмеида би можел да го засили Хајдук за новата сезона.
33-годишниот Алмеида е пред излезна врата од грчкиот АЕК па се наведува дека раководството на Хајдук веќе активирало преговори да го донесе во своите редови. Најдобриот стрелец на сплитските „бели“ Футач поради повреда ќе биде шест месеци надвор од терените, па токму поради тоа желбата е да го замени искусниот Алмеида.
Алмеида во својата кариера има одиграно 57 натпревари за Португалија постигнувајќи и 19 гола. Има настапувано за Вердер, Хановер, Кубан, Чезена, Бешикташ, Порто, Боависта и Леирија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА