Динамо Загреб одново му зема „скалп“ на Хајдук и го замолкнаа Сплит, и славеа триумф, со што си ги зголемија шансите за титулата, а драстично ги намалија за сплитските „бели“.
Динамо почна со Адеми и со Ристовски во составот на „жешкиот“ Пољуд, а човек на одлука беше Бруно Петковиќ кој со одличен удар го совлада Калиниќ, и така ја донесе победата.
Хајдук се обиде да се врати во мечот, но херој за „модрите“ е голманот Невистиќ кој му одбрани „зицер“ на Калиниќ, и така ја потврди победата на својот тим.
Адеми играше до 55. минута, Ристовски го одигра цел меч, а Трајковски остнаа на клупата за домашниот тим.
Со оваа победа Динамо се доближи на пет бода до Ријека, но и меч помалку, додека Хајдук сега заостанува дури седум бодови зад првото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА