Хака-танц за крај на кариерата на Кирк Пени (видео)

Легендарниот кошаркар од Нов Зеланд, Кирк Пени, стави крај на својата фантастична кариера, а членовите на неговиот тим Нов Зеланд брејкерс со хака-танц го испратија големиот ас во пензија.

Пени во својата кариера настапуваше за бројни клубови ширум светот, во НБА го носеше дресот на Мајами и на ЛА клиперс, додека во Европа беше дел од Макаби, Жалгирид, Алба, Гран Канарија…

Танцот на соиграчите не го остави рамнодушен Пени, погледнете како изгледаше прошталната хака за големиот мајстор на кошаркарската игра.

Се вчитува...