Хакан Чалханоглу – лузер на сезоната: Замина од Милан во Интер за да стане шампион, сега сите му се смеат

Хакан Чалханоглу без конкуренција е најголемиот лузер во фудбалска Италија за изминатата сезона, откако турскиот интернационалец минатото лето реши да го напушти Милан и да се пресели кај лутиот градски ривал Интер.

Разочарувањето меѓу фановите на Милан беше огромно, а бесот уште повеќе навлечен откако Чалханоглу изјави дека заминува во Интер за да освои што повеќе трофеи.

Една година подоцна, сеирот на сметка на Турчинот е огромен бидејќи Интер ја загуби круната во италијанскиот фудбал, и тоа токму од тимот што тој го напушти во „потрагата по трофеи“.

Се вчитува...