Хакерски напад: ФИФА се тресе од нови скандали

Нова серија документи кои разоткриваат детали и тајни во работењето на ФИФА, но и договори за трансфери и нови потенцијални скандали и се закануваат на Светската фудбалска асосцијација. „Њујорк тајмс“ најави дека в петок ќе почне објавувањето на документи добиени од „свиркачкиот“ сајт „Football leaks“, а кои потекнуваат од хакерскиот напад на ФИФА во март годинава.

ФИФА призна дека имало упад во нивниот компјутерски систем, го осуди и во соопштение обвини дека се прави обид за „рушење на интегритетот на организацијата преку криминални активности“. Претседателот Џани Инфантино во реакција вели дека работата ја извршува чесно и оти во носењето одлуки се консултира со поголема група соработници.

Првпат „Football links“ документи објави во 2015 години. Тогаш германскиот „Der Spiegel“, добил многу информации вклучувајќи и мејлови, пораки и договори. Благодарение на ова беа објавени некои од најголемите фудбалски вести како избегнувањето данок на неколкумина играчи и тренери во Шпанија како и договорот за тајност што го потпишал Кристијано Роналдо за случајот „силување“ во Лас Вегас.

 

Се вчитува...