Хакими и официјално е нов фудбалер на ПСЖ… (ФОТО)

Ашраф Хакими и официјално е нов фудбалер на ПСЖ. Францускиот вицешампион денеска и официјално го промовираше договорот со Хакими постигнат до јуни 2026 година.

Мароканецот, кој денеска ги заврши лекарските прегледи, е само едно од низата големи засилувања за тимот во летниот преоден рок. Потписи наредниве денови се очекува со клубот да стават и Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума, Џино Вајналдум а се шпекулира и за доаѓање на Пол Погба од Манчестер јунајтед.

Хакими во Интер пристигна минатото лето од Реал Мадрид за 45 милиони евра и се покажа како фантастично засилување. Официјално не е познато колку ПСЖ издвои за Хакими, но се смета дека се работи за сума од околу 70 милиони евра.

Се вчитува...